Нова книга на Спасов во издание на „Слово“

Издавачката куќа „Слово" од Скопје, во едицијата „Логос", ја објави книгата „Политичкиот предивик на социјалдемократијата – македонски искуства" од д-р Ѓорѓи Спасов.

Оваа книга претставува богата елаборација на историските и современите текови на социјалдемократијата, со посебен нагласок на македонските искуства. 

Во историскиот дел, авторот поаѓа од раната социјалдемократија како политичка теорија, обидите подоцна да се конституоира таканаречениот „трет пат“ и потоа зборува за историските корени на социјалкдемократијата во Македонија и на социјалдемократијата денес како политички проект, истакнувајќи ги клучните одредници на тој проект.

Понатаму во делото, Спасов нашироко ги елаборира прашањата и процесите при остварувањето на социјалдемократскиот политички проект во Македонија, почнувајќи од 1990 наваму, со концептите кои биле во основата на политичките и општествените потфати кои биле реализирани или пак се потфрлило во нивната реализација.

Книгата завршува со поглавјето за социјалдемократијата и политичката култура и за можностите за остварување на партиципативна политичка култура во македонското современо општество.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе