Нова книга на Љубомир Грбевски - „Лет со умот кон папокот на универзумот“

Најновата книга на Љубомир Грбевски „Лет со умот кон папокот на универзумот“, ќе биде промовирана в петок во 12 часот во градската кафеана „Пелистер“ во рамките на манифестацијата „Скопско лето“. Промотор на книгата ќе биде писателот Стево Симски, а музичката поддршка ќе биде од Јаков Дренковски. Делови од пиесите ќе изведат актерите Елизабета Клинчаревска Младеновска-Ели и Кирил Трајковски-Максим.

Книгата содржи три драмски новобајковни текста за деца и за тинејџери „Лет со умот кон папокот на универзумот“ (пиеса што ѝ го позајмува името на целата книга), „Здодевна бајка“ и „Шумско востание“ (една бајковидна басна) кои се пишувани во стихови со комедиографски перформанси. Станува збор за пародирани и деконструирани класични бајки и одново конструирани и стокмени со нов наратив и со современ сленг јазик на „новите клинци“, нивниот „новојазик“.

По неговата претходна книга „Бајки тралалајки – за урбани клинци и напредни мајки“ која содржи шест драмски текста, ова писание е некакво логично продолжение на истиот волшебен свет на принцезите, витезите, кралевите и кралиците, џиновите, змејовите, џуџињата и маѓосниците други чудни и надреални суштества во едено анахроно окружвање на новите технолошки „чудесии“ – мобилни телефони, таблети и сл. кое го таргетира овој автор.

Оваа книга е четврта по ред на Љубомир Грбевски. Тој претходно ги објави книгите „Стихови празни и рими безобразни“ (1991), „(Хоро)скопски шеми“ (2009) и „Бајки тралалајки – за урбани клинци и напредни мајки“ (2016).

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе