Нова книга на Јоновски за сонцето и културната историја на Македонија

Неодамна од печат излезе книгата „Сонцето и лавот како симболи во хералдиката и вексилологијата на Македонија" од д-р Јован Јоновски

Во воведниот дел од темата, авторот накусо го дефинира основниот предмет на неговиот научен интерес за избор на конкретната тема, како и целите и задачите на истражувањето,  кои преку соодветна теориска рамка ги осветлуваат процесите на појава и развој на симболите - сонце и лав во хералдиката и вексилологијата поврзани со територијата на Македонија, како и трансформацијата на нивните значења низ времето.

Во првото поглавје, со наслов „Симболите и општеството: теориска рамка“ Јоновски се занимава со значењето и употребата на симболите во општествени рамки, притоа фокусирајќи се на грбот и знамето и нивната функција во општеството и пошироко. Во овој контекст, земен е предвид и начинот на кој се врши селекцијата на амблеми/симболи кои ќе бидат на нив поставени.

Во второто поглавје, „Сонцето и лавот како симболи во хералдиката и вексилологијата поврзана со Македонија до 1944“, д-р Јоновски ја прикажува појавата и значењата на сонцето и лавот во грбовите и знамињата поврзани со Македонија, преку поднасловите: „Припишаниот грб на Александар Македонски во средновековна Европа“; „Земските грбови на Македонија“ и „Знамињата во текот на националното ослободување во 19 век“.

Во поглавјето „Сонцето и лавот во современата хералдика и вексилологија на ФР/НР/СР/Р Македонија“, преку вклучените поднаслови, авторот прави осврт на симболичките претстави на сонцето/лавот на македонскиот грб и знаме, на нивната присутност/неприсутност во „југословенски“ контекст. Соодветна анализа на застапеноста на конкретните симболи е направена и за периодот по 1991 година, во независна Македонија.

Земени се предвид општествено – политичките контексти кои влијаат на изборот на симболите кои на знамето и грбот се поставуваат, како и трансформацијата на нивните значења од еден период во друг. Исто така направена е и соодветна хералдичка и вексилолошка анализа на грбовите и знамињата (вклучувајќи и некои предлози кои учествувале на конкурсите за избор на знаме) кај кои се јавуваат конкретните симболи. Ова поглавје, покрај другото се занимава и со анализа на политичките и индивидуалните наративи присутни во јавната сфера за конкретните симболи, како амблеми на знаме/грб.

Во рамките на четвртото поглавје „Сонцето/лавот во општинските грбови и знамиња во Република Македонија“ во книгата се става акцент на поврзаноста на територијалната хералдика со административната поделба во Македонија. Предмет на обработка се општините чии знамиња го содржат сонцето како симбол.  

Синтетизирајќи ги резултатите, на крајот од книгата, авторот, д-р Јован Јоновски успеал да донесе релевантни заклучоци кои претставуваат придонес не само во областа на македонската вексилологија и хералдика, туку уште повеќе, придонес во културната историја на Македонија, напиша рецензентот проф. д-р Драгица Поповска.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе