Како што информираат организаторите на настанот се очекува присуство и на претседателот Стево Пендаровски.
Во програмата предвидени се презентација на снимка од дигитализираната колекција на фолклорни умотворби на Кирил Пенушлиски (архив БузАр), како и научни излагања на Д-р Марко Китевски, на тема делото на Кирил Пенушлиски во одбрана на македонскиот национален идентитет, Д-р Ермис Лафазановски, 50 години од објавувањето на десеттомното издание:„Македонски народни умотворби“ на Марко К. Цепенков во редакција на Кирил Пенушлиски, Д-р Валентина Миронска-Христовска, Универзалното, колективното и личното во Цепенковите записи и Д-р Ана Мартиноска, Аманет од работната соба на Пенушлиски.