Научен симпозиум „Антево дело“

Организацискиот одбор на Meѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ соопшти дел од носечките содржини на четвртото издание на Манифестацијата, а со кои воедно ќе биде одбележана 90-годишнината од раѓањето на македонскиот поетски маг, Анте Поповски.

Освен реализацијата на Конкурсот за необјавена збирка поезија на македонски јазик кој е во тек, и по чие што завршување на авторот на најдобриот поетски ракопис ќе му биде доделена престижната поетска награда „Антево перо“, во јубилејната година е предвидено одржување на Меѓународен научен симпозиум „Антево дело“. Вториот по ред Симпозиум за Антевото творештво и живот, што ќе се одржи во неговото родно Лазарополе (по оној во 2019 година),  овојпат ќе покрене: литературни, литературно-теориски, јазични, културолошки, филозофски, општествени теми, теми од историја на уметност, естетика, но и теми од културното живеење. Учесници ќе бидат еминентни научни работници, меѓу кои лингвисти, културни работници, писатели, јавни личности, но и негови познати кои ќе се погрижат за изнесување на нови непознати факти за Антевото дело и живот.

Свои трудови за овој научен собир меѓу другите најавија, проф. д-р Венко Андоновски, проф. д-р Кристина Николовска, проф.д-р Емилија Црвенковска, проф.д-р Весна Мојсова Чепишевска, проф.д-р Чедо Цветановски, проф.д-р Бојан Ортаков, Scientia Doctoral Scholar при Универзитетот на Нов Јужен Велс, во Сиднеј, Австралија,  Филип Фиданоски, членот на МАНУ надвор од работниот состав, проф. д-р Ала Генадјевна Шешкен од Руската Федерација,  поетот и литературен критичар Бранко Цветкоски, поетесата Сузана В. Спасовска, потоа Александра Јуруковска, писател, литературен критичар и новинар и м-р Иван Антоновски, писател и литературен критичар.

Според раководителот на Симпозиумот, проф.д-р Кристина Николовска и секретарот м-р Иван Антоновски, списокот на учесници на научниот собир во чест на Анте Поповски не е исцрпрен, и наскоро ќе бидат познати имињата и на останатите учеснци од земјава и странство. Симпозиумот ќе се одржи во живо, а ќе се емитуваат и реферати на учесници преку снимени видео-обраќања, по што се предвидени и дискусии. Организацискиот одбор на манифестацијата ќе отпечати и зборник со поднесените трудови од симпозиумот, кој ќе биде промовиран во неколку градови во земјата.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе