Поетска награда

Наградите „Антево слово“ ќе бидат доделени во спомен-собата на Анте Поповски во Ѓорче Петров

На 15 март 2018 година, со почеток во 19 часот, во спомен-собата на Анте Поповски во Ѓорче Петров, ќе се одржи првото официјално доделување на наградите „Антево слово“, кои се дел од меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ (Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia) за најдобра поетска творба во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски – „Антево слово“.

Ова е прва година наградата „Антево слово“ да биде конституирана како дел од италијанската меѓународна манифестација, која се одржува секоја година во градот Каникати во Сицилија, а воедно и прва од ваков вид која се доделува за македонски автор надвор од нашата држава.

Првата награда ја доби еминентниот македонски автор Томислав Османли, втората награда ја доби Александра Димитрова, а трета награда ја доби Салваторе Амбросино од Италија. Како дел од оваа поетска манифестација е и интернационалната награда, која оваа година за прв пат ја добија Михајло Свидерски и Долорес Атанасова – Лори.

Претставниците на манифестацијата велат дека конкурсот за поезија „Парнас – награда на Анџело Ла Векија“ е создаден со цел да се прослави и овековечи, преку „Возвишена поезија“, духот, душата, суштината и есенцијата на животот во Каникатската секуларна академија на Парнас. Најмногу пријавени поети има од Италија, но меѓу учесниците има поети од цела Европа, Балканот и пошироко.

„Во апстрактниот простор – време што се приближува неверојатно до сите луѓе без најмала разлика не само на пол, вера, националност, возраст, но, исто така и во своето постоење и непостоење, поезијата успева да биде ’медиум‘ во ’континуитет‘ помеѓу земјата и небото, помеѓу телото и душата, меѓу прагматизмот и утопијата. Целта на овој конкурс е да се шири културата на чувства, емоции, страсти, знаење во текот на целиот живот и реализирање на ’експресивната слобода‘, која е од суштинско значење и привилегија за секој современ општествено ангажиран човек“, изјави Митко Гогов од здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст - Струмица“, кој во соработка со фамилијата на Анте Поповски и меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ ја востанови оваа награда.

„На ова издание на манифестацијата учествуваа околу 300 поети од целиот свет, а освен носечката награда ’Ил парнасо – Анџело ла Векија‘ и онаа посветена на рускиот поет Расул Гамзатов со покровителство на Министерството за култура на Дагестан и управуван од страна на поетесата Марина Акмедова, меѓународниот дел беше проширен и посветен на големиот македонски поет Анте Поповски. Овој дел го координира поетот Митко Гогов и се реализира во соработка со семејството на поетот Поповски“ - вели организаторот на меѓународната манифестацијата „Парнас – награда на Анџело Ла Векија“, Геро Ла Векија.

Сите учесници имаа можност да влезат во конкуренција за двете награди, носечката награда „Анџело Ла Векија“, награда која е именувана по проф. Анџело Ла Векија (Angelo La Vecchia), познат во Сицилија и на територијата на Италија со неговата работа како поет, драмски писател, историчар и професор и наградата „Антево слово“ која се доделува во чест на Анте Поповски, познатиот македонски поет, есеист, препејувач и публицист.

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе