Награди и нови книги на манифестацијата „Битолски книжевни паметења“

Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“-БКК, викендов ја одржа 9. манифестација „Битолски книжевни паметења“ ги додели годишните награди и промовира нови авторски книги.

Наградата „Книжевен круг за критика“ се додели на Љубинка Донева за книгата „Исчитување естетики“, а ја промовираше проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска, наградата „Книжевен круг за поезија“ ја доби доби авторот Зоран Пејковски за книгата  „Востаничка правда“, а на културниот настан во Битола беше промовирана од Диме Ратајковски, наградата за книга напишана на македонски јазик од странски автор ѝ припадна на писателката Снежана Алексиќ-Станојловиќ од Србија за книгата „Каселата на сонот македонски“ за која што свое излагање имаше Весна Мундишевска-Велјановска; наградата „Книжевен круг за проза“ се додели на Петре Димовски за збирката раскази „Сенка на сенката“ која ја промовираше Елизабета Јончиќ; додека наградата „Лингва“ за превод и афирмација на македонската литература ѝ беше доделена на Искра Пенева од Србија.

Во рамките на културниот настан, се одржаа книжевно претставување на учесниците на манифестацијата, посета на ателје „Солак“,  а беше промовиран и најновиот број на списанието за книжевност, уметност и литература „Раст“ за кое говореше главниот уредник д-р Даниела Андоновска Трајковска.

Годинешните „Битолски книжевни паметења“ беа збогатени и со промоција на книгата „Чекори кон боговите“ од Никола Кочовски, за што пригодна промоторска рече имаше поетот Панде Манојлов, а за гостите од градот, државата и странство концертен музички колаж приредија „Пијано дуо“ Марија Шамоска-Буџаковски и Андријана Дукоска.

Манифестацијата на Битолски книжевен круг се одржа со финансиска поддршка од Општина Битола и „Кромберг и Шуберт“ Македонија, ДООЕЛ Битола.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе