Наградите ќе ги предадат Н.Е. Самуел Жбогар, Шеф на Делегацијата на Европската Унија, и г-ѓа Огнена Никуљски, Претседател на Здружението на преведувачи и толкувачи - ЗПРМ.
На настанот ќе биде објавено и петтото издание на Наградата „Вавилон“. Истиот ден, на 26 септември, ќе бидат објавени и деталните критериуми за Наградата во 2018 година.
Овогодишната церемонија за доделување награди е дел од настанот организиран заедно со ЕУНИК Скопје, каде што учесниците ќе имаат можност да учествуваат на јазични работилници, како и да ги посетат штандовите со изложени преведени книги од различни европски јазици и книги преведени на локалните јазици во рамки на програмата „Креативна Европа“.