ПОЕТСКА НАГРАДА

Наградата „Бели мугри“ за 2016 година ја доби Стефан Марковски

Годинашен добитник на наградата „Бели мугри“ за најдобра необјавена поетска збирка од автор до 35 години е авторот на ракописот „Сиво сјаат вселените“, поетот и писател Стефан Марковски.

Младиот Стефан Марковски е автор на книги од различни жанрови и области, добитник е на признанија за своето творештво во земјава и странство и е постдипломец на Факултетот за драмски уметности. Годинава ја објави својата трета поетска збирка со наслов „Ин Номине“, во издание на „Македонска реч“.

Стефан Марковски е осмиот по ред добитник на ова признание што го доделува Домот на културата „Кочо Рацин“ од Скопје. Промоцијата на поетската збирка е закажана за 22 декември во рамките на традиционалната манифестација „Денови“, организирана од Домот на културата, која го чествува раѓањето на големиот македонски поет, интелектуалец и револуционер Кочо Рацин.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе