ВО БИТОЛА

На мултимедијалната колонија „Битола 2015“ беа доделени наградите „Медијала“

Во рамките на фестивалот „Битфест“ во Битола, во Вила Дајмонд од 28 до 30 јуни се одржа Меѓународната мултимедијална колонија „Битола 2015“ на која беа доделени и наградите „Медијала“. Годинашни добитници се: Панде Манојлов, Аница Ѓорѓиевска, Петар Ставрев, Марјан Танушевски, Мирјана Стојановска и Кире Неделковски.

Мултимедијалната колонија започна со книжевна средба со писателите Панде Манојлов и Христо Петрески, за кои говореше Елена Ѓорѓиевска Костадиновиќ, а настапија писателите и сликарите: Петре Димовски, Мирјана Стојановска, Петко Шипинкаровски, Добре Тодоровски, Кире Неделковски, Олга Панкина, Елена Ѓорѓиевска, Елизабета Јончиќ, Никола Илијовски и Маја Мојсова, соопштија од фондацијата „Македонија презент“.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе