Музичка промоција на книгата „Забранети луѓе" на Џон Илија Апелгрен

Џез-вокалистот Џон Илија Апелгрен денеска во книжарницата „Литература.мк суперстор" во Скопје сити мол ќе ја промовира својата книга „Забранети луѓе". Промоцијата ќе биде збогатена со музички настап во живо на Апелгрен и џез-пијанистот Гордан Спасовски. Книгата е во издание на „Арс Либрис", дел од „Арс Ламина – публикации", и претставува своевидно сведоштво за незавидната состојба на дел од џез- и рок-музичарите за време на пандемијата со ковид-19.

Фото: Фејсбук

Во книгата се застапени портрети на 14 домашни музичари, чија главна егзистенција се ноќните свирки и настапите во живо во локали, кои беа забранети за време на карантините и мерките за заштита за време на пандемијата. Меѓу нив се Благоја Антовски – тапани, Игор Атанасоски-Харе – гитара, Трајче Велков – труба, Калина Велковска-Кали – вокал, Зоран Костадиновски – гитара, Крле – вокал, Кирил Кузманов – саксофон, Џоле Максимовски – бас-гитарист, Андреа Мирческа – контрабас, Иван Петровски – гитара, Полина Тасева – сопран, Петар Ренџов – гитара, Гордан Спасовски – пијано, Арбен Бени Шаќири – вокал и Џон Илија Апелгрен – вокал.

Апелгрен, покрај тоа што е автор на книгата, се јавува и како фотограф на црно-белите портрети на музичарите.

Како што соопштија од издавачката куќа, предговорите на книгата ги напишаа музичките новинари Бранка Костиќ-Марковиќ и Ненад Георгиевски, како и фотографот Драги Неделчевски.

„Објавувањето на книгата има солидарен, односно хуман аспект, за поддршка на музичарите чиишто ангажмани беа на најголем удар за време на пандемијата. Со купување примерок од „Забранети луѓе" им се помага токму ним – на забранетите луѓе“, се наведува во соопштението на „Арс Ламина".

Легенда под Главна слика

Фото: Фејсбук

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе