28 Септември – Ден на Бошњаците

Мостови на пријателство – антологија на поезијата од здружението „Диван“

Традиционално по повод одбележувањето на „28 Септември – Меѓународен ден на Бошњаците“, по претходните четири изданија на „Диван“ со ист наслов, од печат излезе изборот на најдоброто од претходните изданија: антологија „Мостови на пријателство“.

Во антологијата се застапени песни на 138 автори од 17 земји, од Америка до Австралија со што се потврдува нејзиниот меѓународен карактер и значење. Најголем број од авторите се од Македонија, односно 83 автори кои создаваат на босански, македонски, албански, турски, влашки јазик и др. Најголем број на песни се пишувани на босански и македонски јазик со што книгата е значаен придонес за бошњачката и македонската книжевност, но и на книжевноста во целина. 

„Убавината е и во сличностите и во различностите. Кога избирате од одбраното квалитетот е неспорен, а со тоа димензијата на напишаното станува антологиска, секој стих, секоја песна. Затоа нема да издвојувам  стихови, сите се квалитетни и секоја песна на свој начин праќа универзални и космополитски пораки да светот биде подобро и поубаво место за сите“, пишува во делот од рецензијата доц. д-р Зеќир Рамчиловиќ.

Со честитки до Бошњаците во нашата држава и светот од здружението „Диван“ порачуваат: „Преку поезијата испраќаме порака дека сме најсилни кога сме сите заедно, а нашиот мултикултурализам и мултијазичност се нашето богатство, а пораките со кои се градат мостови на пријателство универзални. Благодарност до Агенцијата за остварување на правата на заедниците што ги препознава овие вредности и што ја помогна реализацијата на овој проект.“

Печатењето на антологијата е подржано од страна на Агенцијата за остварување на правата на заедниците.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе