Струшки вечери на поезијата

Монографско издание посветено на Блаже Конески

Во рамки на одбележувањето 100 години од раѓањето на македонскиот поет, раскажувач, есеист, книжевен научник и лингвист Блаже Конески на „Струшките вечери на поезијата" беше промовирано монографско издание за великанот на македонската книжевност. Предговорот на Монографијата го напиша македонски поет, раскажувач, критичар, есеист, книжевен теоретичар Атанас Вангелов, кој оцени дека оној што не влегол досега во поезијата на Конески има трајна загуба.

„Изучувањето на поезијата на Блаже Конески, стекнувањето претстава за нејзините технички достигања, е од пресудна важност за натамошниот подем на нашата поезија. Можно е на последново становиште да му се упати ваков приговор: таквиот потфат неминовно води кон поетичка канонизација што се искажува секогаш негативно кон живиот процес на литературниот развиток. За тој приговор го имаме следниов одговор: изучуваме едно исклучително дело не за да можеме да го репродуцираме, туку да научиме како да се искажеме себеси. Го изучуваме него не за да ја моделираме според него иднината (литературна), туку за да можеме да се движиме направо кон неа, збогатени со мудро и скапоцено искуство. Зашто (да го парафразираме Јакобсон), лаже оној што кажува дека немал претходници“, вели Вангелов.

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе