МИ-АН ќе промовира две лингвистички книги

Книгоиздателството МИ-АН во соработка со Културно-информативниот центар-Скопје вечер ќе промовира две лингвистички изданија – „Прилози за македонската глаголска префиксација – традиција и континуитет" на Наталија Андријевска и „Јазикот и стварноста" на Бобан Карапејовски.

Книгата на Андријевска, која ќе ја претстават промоторите Димитар Пандев и Катица Трајковска, е придонес во проучувањето на историското зборообразување на македонскиот јазик, а трудот на Карапејовски, како што посочува издавачот, е значаен прилог во проучувањето на заменските клитики кои се меѓу особеностите на македонскиот јазик. Неговата книга ќе ја промовираат Марјан Марковиќ и Емилија Црвенковска.

„Според специфичната употреба на заменските клитики, македонскиот јазик се изделува – како во рамките на словенското јазично семејство, така и во рамките на балканскиот јазичен сојуз, и поради тоа е важно еден ваков труд да биде достапен и за домашната, и за странската научна јавност. Трудот е поткрепен со теориски пристап, а илустриран со примери од македонската литература и од живиот јазик“, наведуваат од МИ-АН.

Двете книги ќе бидат промовирани во Салон 19,19 во КИЦ со почеток во 19.19 часот. 

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе