сабота, 20 април 2024
Слободан Ташовски

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Поддршка за иницијативата „Дипломатијата огледало на Македонија“

Со големо внимание и аналитичност ги простудирав програмите на сите кандидати за претседател во делот на меѓународните односи, надворешната политика и дипломатијата на нашата држава и секако со големо внимание ја следам тековната кампања на секој кандидат поединечно. Изразувам поддршка на иницијатива на Гордана Сиљановска Давкова „Дипломатијата огледало на Македонија.

Во однос на програмите, програмската ориентација, заложбите изразени низ нивните настапи, нивото на интелектуалното и конзистентно претставување и ориенатиција кон консензуално национално единство во формулирање и реализирање на надворешната политика, не можам а да не ја издвојам програмата и настапот на професорката Гордана Сиљановска Давкова.

Нејзините заложби за национален консензус и координиран настап на сите чинители во реализацијата на надворешната политика и нашето дипломатско претставување, како на мултилатерален и билатерален план, се од суштинско значење за реализација на Македонија како суверена, демократска, рамноправна, просперитетна правна држава, држава со дигнитет, ценет субјект во меѓународната заедница, држава која своите меѓународни односи ќе ги реализира врз основните принципи на меѓународното право, посебно општо прифатениот принцип на реципроцитет во односите меѓу меѓународните актери.

Нејзините заложби за Македонија како кредибилна членка на НАТО, конкретните чекори кои има намера да ги преземе како претседателка, доколку биде избрана, на сите граѓани, без разлика на нивната етничка припадност, политичката ориентација и социјален статус, кон европската интеграција е ориентација е во вистинска насока во реализација на стратешките интереси на Македонија и нејзините граѓани.

Во однос на нејзината иницијатива „Дипломатијата огледало на Македонија” , не можам а да не изразам целосна поддршка на нејзините заложби за професионализација и департизација на дипломатијата како клучен фактор во реализацијата на надворешната политика на државата и сервис на граѓаните.

 

Како професионален дипломат ја поздравувам нејзината заложба за лобирање за непостојана членка на Македонија на Советот за безбедност на ОН, проектот за вклучување на македонски дипломати и експерти во регионални европски и други мултилатерални организации и формирање Конзуларен кризен центар во МНР.
Посебно се значајни нејзините заложби за почитување на стручноста и компетентноста во изборот на амбасадори и дипломати од друг ранг, вработување во МНР на најдобрите студенти и напредување во согласност со најстрогите европски дипломатски критериуми и стандарди.

Импресивна е нејзината заложба за афирмација на жена државник која ќе се залага за достојно претставување на Македонија внатре и во меѓународните односи со цел сите ние да се осеќаме како достоинствени граѓани на Македонија и рамноправен дел од меѓународната заедница.

Амбасадор Слободан Ташовски

ипломат кој непосредно учествувал во зачленувањето на Македонија во ООН)

Фото на амбасадорот: Courtesy UN photo

КОЛУМНИ

Ристо Цицонков

Гасификација на Македонија – дали е веќе доцна? (2)

Елени Стаматуку

Како „дипфејкс“ може да предизвикаат политичка несигурност

Рајко Пеколски

Граѓани без портмоне!

Марјана Дода

Македонија како бојно поле на политичките интереси на премиерите Рама и...

Мирко Стојановски

Културни војни: Мишко и Брега

Фестим Ризанај

Вештачка интелигенција: помеѓу информациите и дезинформациите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ