„Матица македонска“ отвори нова книжарница во Скопје

Ретка вест за Македонија. Книгоиздателството „Матица македонска" отвори книжарница - галерија, која се наоѓа спроти плоштадот ВМРО во Скопје.

Љубителите на книгата и уметноста ќе имаат можност да се информираат за најзначајните лектирни изданија за основно и средно образование, како и за најновите дела на познати македонски и светски писатели.

Посебно место заземаат изданијата објавени на македонски и на англиски јазик за македонската историја и фолклор, за народните носии, везови и накит, потоа за македонските манастири и цркви, за познатите резбарски центри и соборни храмови, како и монографски книги за Македонија, Скопје и Старата Скопска чаршија, Охрид, Свети Наум Охридски, Курбиново и др.

За љубителите на уметноста достапни се дела на познатите македонски сликари: Ордан Петлевски, Васко Ташковски, Глигор Чемерски, Коле Манев, Павле Кузманоски, Иван Велков, Стефан Хаџи Николов, Владо Георгиевски, Решат Амети, Симон Шемов, Драги Хаџи Николов - Аџи, Ниче Василев, Миле Корубин, Драган Аврамовски-Гуте и др.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе