НОВА КНИГА

„Матица македонска“ ја објави книгата „Успеси и заговори“ од Стојан Андов

Во издание на „Матица македонска“ излезе од печат книгата „Успеси и заговори“, со поднаслов „Обидите на Данаилов Фрчкоски“, во која Стојан Андов говори за мноштво судбоносни настани што се случија во Република Македонија во календарската 1993 година.

Во новата книга познатиот политичар, публицист, аналитичар и писател, ги разјаснува соочувањата со новите маневри на грчката политика, потоа грчко-српскиот сојуз и градењето мерки за доверба. На крајот од книгата, Андов застапува посебно поглавје посветено на улогата на Љубомир Данаилов Фрчкоски, за време на неговото министерување во Министерството за внатрешни работи на Р. Македонија. Овој аспект посебно е нагласен и во инструктивниот поговор на амбасадорот Љупчо Арсовски.

Стојан Андов (Кавадарци, 1936) е автор на книгите: „Од мој агол“, „Источни патувања“, „Стравот и љубовта“, „Кицо Американецот“, „Враќањето на Американецот“, „Јосип Броз Тито и распаѓањето на Југославија“, „Приказната за Марија“, „Драматичната 1991 година“ и „1992 – година на опасни ризици“.

Тоа е нашата политичка наивност- да се верува дека правото е семоќно орудие во разрешавањето на сите проблеми. А каде е моралната, политичката, социјалната, психолошката страна на проблемите? 

повеќе

Премолчувањето на јавнот интерес во законските решенијазначи изостувањето на клучниот критериум за оправданоста на концесиите на добрата од општ интерес.

повеќе

Фатени на дело во многу  кражби, сите праведни граѓани на оваа земја беа убедени дека на арамиите ќе им се суди по примерот на Жан - по кратка  постапка.

повеќе