Марта Маркоска ќе ја претставува Македонија на интернационален поетски фестивал во Никарагва

На покана на организаторите на Интернационалниот поетски фестивал во Гранада, Никарагва, поетесата, Марта Маркоска, ќе го претстави своето авторско творештво во периодот од 11 до 17 февруари.

Поетскиот фестивал во Гранада е со долгогодишна традиција и воедно претставува еден од најголемите поетски фестивали во Централна Америка. Ова е негово четиринаесетто издание, а е посветено во спомен и чест на починатите поети Фернандо Силва Еспиноза од Никарагва и поетот Роберто Соса од Хондурас.

Марта Маркоска досега има единаесет авторски објави и препеви на нејзините песни, на преку 11 јазици, меѓу кои и најновиот препев, „Црне рупе у нама“, во издание на „Граматик“ од Белград, чие излегување беше промовирано неодамна.

Препевот на песните од книгата „Црни дупки во нас“, од македонски на шпански, го направи Сања Михајловиќ – Костадиновска, а нивната лектура, познатиот кубански поет, Виктор Родригез – Нунез.

Годинава, на интернационалниот поетски фестивал во Гранада, гостуваат 118 поети од целиот свет.

Поетесата Марта Маркоска е единствена претставничка од Македонија.

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе

Како граѓани на независна и суверена Република Македонија веќе се навикнавме постојано да живееме во секојдневни тензии и стресови.

повеќе