Книжевната награда претставува ново светско признание кое ќе им се доделува на писателите од цел свет. Мотото на признанието е да чествува писатели чија креативност, енергија и благородност го прават светот подобар. Наградата е востановена од повеќе значајни меѓународни организации во земјите од светот меѓу кои се и Pegasus Brücke International Center (Германија) и Radius International Art Center (САД).
Ристо Василевски за оваа награда беше номиниран преку Украинската академија за книжевност и уметност каде членува.
Добитници на ова значајно признание се и Ролан Сеисенбаев (Казахстан), Милан Грабал (Чешка), Михас Пазњаков (Беолорусија), Олена Ананиева (Германија), Абдукахор Косим (Таџикистан), Џејмс Тан (Кина), Михаил Блехман (Канада), Сантош Кумар Покхарел (Непал), д-р Ловелин П. Ејо (Нигерија), Мери Агреда (Еквадор), Марција Батиста Рамос (Бразил), д-р Н. К. Схарма (Индија), Тиан Ју (Кина), Ксанти Хондроу-Хил (Грција), Кав. Силвано Бортолаци (Италија), д-р Ашиш Малвија (Индија), Ана Мариа Мануел Роса (Аргентина), д-р Синтија Ешеме (Нигерија) и Сергиј и Тетјана Ѕуба (Украина).
Василевски е автор на книги за деца, збирки поезија, избрани дела и антологии. Тој е и преведувач и антологичар. Досега е добитник на голем број светски и меѓународни награди и признанија за своето литературно творештво како „Браќа Миладиновци“, „Почесно Рациново признание”, Јубилејно признание на Струшките вечери на поезија, „Кирил Пејчиновиќ”, „Јубилејно Златно перо”, „Златно перо“ – во Македонија; „Милан Ракиќ”, „Караѓорѓе”, „Печат на Кнез Лазар”, „Раде Обреновиќ”, „Ѓуро Салај” и многу други. Неговите дела се преведени на 25 јазици ширум светот. Од 2006 година тој станува член на МАНУ во одделението за уметности надвор од работниот состав.