Македонскиот писател Раде Силјан доби високо одликување од Претседателот на Унгарија

Претседателот на Унгарија, Јанош Адер, по повод националниот празник на државата, го одликува Раде Силјан со орденот „Златен крст за заслуги“. Ова високо признание на познатиот македонски писател му се доделува за неговиот повеќедецениски ангажман во афирмацијата на книжевните вредности на унгарската литература на македонски јазик.

Признанието го врачи Амбасадорот на Република Унгарија во Република Македонија Н.Е. д-р Ласло Дукс.

Раде Силјан зад себе има богат творечки опус. Автор е на 15 стихозбирки, 11 книги со критики и есеи и 12 антологии од македонската и балканската поезија и проза. Избрани дела од неговиот опус се објавени во шест тома. Добитник е на национални и на меѓународни награди, меѓу кои и на наградата „11  Октомври“ за животно дело. Застапуван е во панорамски и антологиски избори од современата македонска поезија, а посебни  книги од неговото творештво се објавени на англиски, албански, бугарски, романски, украински, руски, молдавски, италијански, унгарски, турски, полски, српски и грчки јазик.

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе

Како граѓани на независна и суверена Република Македонија веќе се навикнавме постојано да живееме во секојдневни тензии и стресови.

повеќе