Македонски збор ја изведе „Песна за патрикот (1762 лето)“ во чест на 191 годишнината од раѓањето на големиот Македонец, Григор Прличев

Денеска се навршува 191 година од раѓањето на големиот македонски писател и учител, Григор Прличев. Тој е роден 1830 година во Охрид, градот од каде што потекнуваат многу Македонци од македонската историска ризница на литературни дела и животни подвизи во чест на Македонија.

Во негова чест Македонски збор ја изведе Прличевата „Песна за патрикот (1762 лето)“, интерпретирана со јаркост, но и доволна сентименталност да се доловат неговите зборови опишувајќи го моментот на опасност врз Македонците во тој период од историјата, а сето тоа визуелно дополнето од прекрасните графички дела на карикатуристот Седо Перо.

Прличев, кој што пораснал во многу сиромашно семејство и од мал ги согледал маките на сиромашниот народ и тежината на добивањето на образование во моментот кога се има само желба, а на босите детски нозе се нема ни чевли. Неговиот дедо морал на грб да го носи до училиштето за да го заштити малиот Григор и неговите боси стапала, а токму и грижливиот дедо бил заслужен за описменувањето на Григор уште пред да тргне на училиште. Кога Димитрија Миладинов, во 1848 година го посетил Охрид, Прличев започнува да му помага, за подоцна и тој самиот извесен период да започне да предава во Тирана, Албанија.

Во 1849 г. Прличев се запишува медицина на Атинскиот универзитет, иако никогаш не пројавувал поголема заинтересираност кон медицинската наука, но имал намера да лечи „Зашто бев страдал и сакав да лечам човечки страдања“, како што ќе напише тој во својата Автобиографија. Во 1859 го започнува делото „Сердарот“, со намера да учествува на големиот атински поетски конкурс. Следната година (1860) токму тој е победникот на конкурсот и освојува Лаворов венец и 1000 драхми со можност за студирање во Оксфорд или Берлин. Но, ненадејната вест за смртта на браќата Миладиновци го вознемирила Прличев до степен да се насочи кон грчките фанариоти за да ја одмазди неправедната смрт на своите патрони.

Токму во песната „1762 лето“, Прличев раскажува за злото кое го нанеле грчките патрици на македонската црква, која во тоа време била заеднички глас што зрачел духовна, но и политичка моќ на влијание врз народот. Без црквата кој што ги зближувала, на Македонците им било многу тешко да се организира востание против Турците. Грците се погрижиле да нема востание на време. Имено, во песната е опеана судбината на Охридската Архиепископија. Архиепископот Арсениј доживува да е предаден и затворен, а охридските Христијани, останале без својата најголема поткрепа. Охридската Архиепископија е укината во 1767 година по отстранувањето на архиепископот Арсениј на 16 јануари 1767 година, кога тој бил принуден да даде отказ. Во неговиот отказ тој вели:

„Со оваа моја доброволна и непринудена оставка долупотпишаниот изјавувам дека поради тоа што не ми е овозможено да ги уредам и поправам потребите на Охридската архиепископија, коишто се јавија една по друга пред вас и во наши дни и им дадоа не мал повод на злосторниците да го напаѓаат името на Архиепископијата и да ги оштетуваат и навредуваат потчинетите на Охридската архиепископија митрополити и нејзината бедна раја, и бидејќи не може поинаку да се избави од нивните раце тамошната земја и сиот христијански род, освен преку уништувањето на Архиепископијата - поради тоа имено се откажувам од Охридската архиепископија, освен од мојата поранешна Пелагониска епархија (којашто уште ја имам додека сум жив за своја прехрана и за задоволување на своите потреби). При таква согласност со моите собраќа свети архиереи се направи и оваа (моја) доброволна и непринудена оставка, којашто треба да се постави во светиот кодекс на Великата Христова црква (и во оној на блажениот ерусалимски патријах г. Партениј) 1767 г. Јануари 16.“

Во дел од песната се опишува неговото обраќање кон верниците:

Слушајте ме мили чеда, јас ќе идам в Цариграда

на мене од врли Грци голем поплак е.

Еј! Голем поплак е.

Грцкиј патрик ќе ни строши, славна Охридска Столица

и мене до смрт ќе држи в заточение

Еј! В заточение.

Ќе прати владици Грци, лицем светци срцем в'лци

ќе ве дават, ќе ве стрижат, ќе м'лзат до крв.

Еј! Ќе молзат до крв.

Меѓу народа ќе сејат, несогласје и раздори,

да се мразат син со татка и со брата брат.

Еј! И со брата брат.

И ќе викнете до Бога, и крило не ќе најдете,

смирени ќе наведете глави доземи.

Еј! Глави до земи.

 

Ќе ми бидете сираци, така било написано.

Елате ми да ве гушна за последен п'т.

Еј! За последен пат.

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе