На настанот беа читани песни од македонските автори Даниела Андоновска -Трајковска, Соња Серафимовска и Георги Калајџиев, како и од бугарските поетеси Роза Бојанова и Наталија Недјалкова.
Бојанова, една од основачите на Светата реч, ја претстави својата книга „Обратна гравитација", која неодамна ја објави Издавачката куќа „Макавеј" од Скопје, во превод на Бранко Цветкоски. Недјалкова пак, прочита стихови од нејзината стихозбирка „Стапица за поетски соништа", што ја напиша под уметничкиот псевдоним ЗумБула.
На настанот присуствувал и светски познатиот македонски пијанист Симеон Трпчески.