„Македонски црковен календар“ – нова книга од Марко Китевски

Книгата „Македонски црковен календар“ од проф. д-р Марко Китевски излезе деновиве од печат во издание на „Гирланда“ – Здружение за проучување на македонската народна култура, од Скопје.

Станува збор за првата книга од предвидено повеќетомно издание на Китевски. Рецензент на книгата на проф. д-р Илија Велев.

Како што се посочува во воведот,  книгата има за цел да го покаже континуитетот на македонскиот народен дух од најстари времиња до денес и да ја истакне специфичноста на македонските празнувања во кои следиме повеќе слоеви на народната култура. Но, исто така, целта е и да биде секојдневен прирачник, настолна кнга за сите македонски верници кои имаат емотивен однос кон настаните и ликовите на нашата света македонска православна црква.

„Според некои сознанија, досега христијанската црква има прогласено околу осум илјади светители, но култот на некои воопшто не заживеал, на дртуги останал ограничен во потесна средина, трети се афирмирале во целиот христијански свет. Во книгата објкавуваме пошироки текстѕови за празниците што се прослдеени со народни обичаи и верувања, но и куси информации за помалку познатите светители, односно за оние што се застапени во Православниот календар на Македонската православна црква – Охридска архиепископија“, стои во воведот кон книгата.

Во првиот дел од публикацијата се застапени постојаните (неподвижни) празници, кои што секоја година се паѓаат на ист датум, а во вториот непостојаните (подвижни) празници кои што секоја година го менуваат датумот.

Марко Китевски е роден 1950 година во село Слатински Чифлик, Охридско. Во 1974 година дипломирал на Филозовскиот факултет на Катедрата за историја на книжевностите на народите на СФРЈ. Магистрирал 1980 година на Филолошкиот факултет во Скопје, а докторирал 1990 година. Својот работен век го започнува како новинар во Радио Скопје, а од 1983 година бил вработен во Институтот за македонска литература каде извршувал повеќе раководни функции. Автор е на 60 книги и над 400 други трудови. Добитник е на повеќе значајни признанија меѓу кои и на највисоката државна награда за наука „Гоце Делчев“ (2012) и на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2016 година како највисоко општествено признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитувањето и образованието од интерес на државата.

 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе