Струшки вечери на поезијата

Маџиров: Поезијата на Таникава е високо софистицирана и полна со лирски и звучни асоцијаци

Поезијата на Шунтаро Таникава, добитникот на „Златниот венец“ на 61. Струшки вечери на поезијата, е високо софистицирана и полна со лирски и звучни асоцијации, истакна синоќа македонскиот поет Никола Маџиров, на традиционалното поетско претставување на лауреатот на највисокото поетско признание во земјава, во црквата „Света Софија“ во Охрид.

Поезијата на јапонскиот поет, додаде Маџиров, патува како неуловена птица низ омеѓените простори на јазиците, како семе посеано во ноќта што нечујно се преобразува во музика, во филм, во слика или калиграфско писмо, во вознемирувачка или успокојувачка тишина.

„Тој е најпродуктивниот и најиновативниот современ поет од Јапонија, чии стихови се појавуваат и во школски учебници и во мас-медиумите, но и во прогресивните книжевни списанија чиј канон се состои во рушењето на каноните“, истакна Маџиров.

Во неговите книги, посочи, свесно и храбро усвојува различен модус, стил и стиховна хармонија.

„Иако неговите зборови се јасни, исчистени од формалност и фигуративност, а неговите стихови лесно се разбираат, сепак неговата поезија е високо софистицирана, остро исцртана како разгранети корења кон небото. Полна е со лирски и звучни асоцијации и со иновативни игри на зборови, но под ритамот на песните течат длабоки филозофски мисли и емотивни копнежи“, рече Маџиров.

Во име на лауреатот, кој поради возраста не присуствува на манифестацијата, неговиот син Кенсаку Таникава, читаше песни од својот татко, а потоа изведе и композиции на пијано. Тој во име на својот татко, вечер на Мостот на поезијата, на традиционалното поетско читање „Мостови“ ќе го прими највисокот признание „Златен венец“. 

Со меѓународно поетско читање „Мостови” и врачување на наградитe, „Златен Венец“, „Браќа Миладиновци” и „Мостови на Струга”, вечер на Мостот на поезијата во Струга завршува 61. издание на манифестацијата Струшки вечери на поезијата.

Наградата „Браќа Миладиновци“ за 2022 година за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на Струшките вечери на поезијата ќе му биде врачена на македонскиот поет и книжевен преведувач Зоран Анчевски за збирката „Збунети компаси“. Признанието „Мостови на Струга“ што УНЕСКО и Струшките вечери на поезијата го доделуваат за најдобар поет-дебитант ќе му биде врачено на италијанскиот поет Џерардо Мазучо.

Во престолнината на поезијата и градот на мостовите инспирирани од Охридското Езеро, реката Црн Дрим и природните убавини деновиве творат и читаат поезија 50-тина поети од земјава и странство.

Меѓунардниот поетски фестивал свечено беше отворен во четвртокот со традиционалнот палење на фестивалскиот оган и садење дрвце во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златниот венец“.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе