Љубиша Николиќ, првонаграден на „Маџирмаалски поетски бранувања“

Авторот Љубиша Николиќ за песната „Јас не сум за тебе“ ја доби главната награда на манифестацијата „Маџирмаалски поетски бранувања“, а двете придружни награди се доделуваат на Сузана Ѓорѓиеска за песната „Маџирмаалска љубовна песна“ и на Томислав Лазаревски за песната „После години или носталгична песна“.

Во просториите на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, вчера беа соопштени резултатите од поетскиот конкурс „Маџирмаалски поетски бранувања“ за 2020 година кој по трет пат се одржа во рамките на културната манифестација „Маџирмаалски средби“.

На конкурсот пристигнале задоволителен број на квалитетни поетски творби кои стилски се разликуваат. Иако мотивот на Маџирмаало е константа, лајтмотив на конкурсот, кој се провлекува низ секоја пристигната поетска креација, во песните се инкорпорирани бројни творечки елементи кои даваат личен белег не секое дело, велат организаторите.

 

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе