„Лирскиот дом на Ацо Шопов" на Филолошкиот факултет

Со настан по повод 70 години од објавувањето на стихозбирката „Стихови за маката и радоста" и 40 години од смртта на Ацо Шопов, утре ќе започне манифестацијата „Денови на македонската литература" во организација на Катедрата за македонска книжевност и култура при Филолошкиот факултет „Блаже Конески" – Скопје

Утре со почеток во 12 часот, во организација на Катедрата за македонска книжевност и култура при Филолошкиот факултет „Блаже Конески" на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје ќе се одржи настанот „Лирскиот дом на Шопов – отворени образовни и културни ресурси".

Со овој настан ќе бидат одбележани два јубилеа – 70 години од објавувањето на стихозбирката „Стихови за маката и радоста" и 40 години од смртта на поетот Ацо Шопов, со што ќе започне литературната манифестација „Денови на македонската литература" во организација на Катедрата.

Акцентот на настанот ќе биде ставен на повеќејазичната веб-платформа „Лирскиот дом на Ацо Шопов" – отворен, интернетски ресурс преку којшто е достапен голем дел од творештвото на Шопов, голем фонд на документи и податоци, како и критички одгласи за неговата поезија и голем обем на видеоматеријали и фотодокументација. Целта на настанот е да придонесе за поголема достапност на платформата за книжевните истражувачи, лингвистите и преведувачите, како и за студентите и воопшто за македонската академска заедница во целина.

На настанот, поздравни обраќања ќе одржат деканката на Филолошкиот факултет, проф. д-р Анета Дучевска, продеканката, проф. д-р Маја Бојаџиевска и раководителката на Катедрата за македонска книжевност и култура, проф. д-р Кристина Николовска. Реч за поетот Шопов и за веб-платформата „Лирскиот дом на Ацо Шопов" ќе одржи проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, по што ќе следи и презентација на веб-платформата, којашто ќе ја оствари Јасмина Шопова, толкувач и препејувач, но и ќерка на поетот и носител на проектот за создавање на повеќејазичната веб-платформа.

Настанот ќе се одржи во виртуелен формат.

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе