Наградуваната збирка поезија „Лирски eлегии“ деновиве беше објавена на повеќе платформи за книги на англиски јазик.
„Лирски eлегии” или “Lyric еlegies” е достапна во печатена и електронска форма преку сајтовите на aBarnes & Noble, ланец од книжарници ширум САД, Apple Books, Smashwords и други платформи за литература во печатен и дигитален облик.
Збирката може да се добие во печатен облик во книжарниците на овие платформи или во дигитален формат преку онлајн нарачка, како и преку Амазон.
Преводот на книгата од македонски на англиски јазик и лектурата на англиски јазик е дело на Зорица Врчковска.
Македонското издание на книгата со лектура на Христијан Аџиоски беше објавено во 2021-та од издавачката куќа „Дата песнопој“.
„Лирски елегии“ преведена и на англиски јазик

Книжевност
Објавено на
26 Април 2022 - 09:27