Лингвистички атлас на македонските дијалекти во издание на МАНУ

Во издание на Македонска академија на науките и уметностите (МАНУ) од печат излезе Лингвистичкиот атлас на македонските дијалекти (според материјалите на ОЛА), каде што се поместени 50 дијалектни карти и легенди кои ја покриваат македонската дијалектна територија претставена во мрежата на населени пунктови во рамките на Општословенскиот лингвистички атлас – ОЛА.

Како што соопштија од МАНУ, општословенскиот лингвистички атлас (ОЛА) е еден од проектите на Меѓународниот комитет на славистите и има меѓународен, мултилатерален карактер. Во ОЛА се застапени 13 национални академии на науки и/или соодветни институти од сите словенски земји. Во атласите на ОЛА се картографираат резултатите од 3.454 дијалектни прашања собирани во преку 850 населени места на целата словенска јазична територија при што македонската јазична територија е застапена со 24 населени места.

„Со овој меѓународен проект, првпат во историјата на словенската лингвистика, според единствена програма и единствена транскрипција, се истражуваат сите словенски јазици и нивните дијалекти на огромна територија која тие ја зафаќаат на европскиот континент“, велат од МАНУ.

Лингвистичкиот атлас на македонските дијалекти (според материјалите на ОЛА), додаваат, ја прикажува лексичката разнообразност на македонската дијалектна територија надоврзувајќи се и реинтерпретирајќи ги македонските дијалектни материјали претставени во неколку веќе објавени лексички атласи на ОЛА.

„Се надеваме дека овој Атлас ќе го најде своето место не само кај научната, туку и кај пошироката читателска публика и ќе придонесе за расветлување на некои процеси во развојот на лексиката на македонските дијалекти. Исто така, целта на овој Атлас е да го прикаже лексичкото богатство и разнообразност на македонските дијалекти и да одреди во колкава мера тие се надоврзуваат на словенскиот јазичен континуум“, се наведува во соопштението. 

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе