„Лето во кое те нема“, нов роман на Петар Андоновски

Набрзо по добивањето на Европската награда за литература за неговиот трет роман „Страв од варвари“, писателот Петар Андоновски го објави и романот „Лето во кое те нема“, кој книжевната критика го смета за прв квир роман во македонската книжевност. Романот е објавен во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа „Или-Или“, а дизајнот на корицата е на Вања Штркова.

„Во најновиот роман Андоновски повторно ни говори за борбата да бидеш свој, а не она што другите го очекувале од тебе или оној/онаа што си мислел дека треба да бидеш. Да бидеш ти – ти, пред себе, пред оние што ги љубиш, пред оние што те љубат, пред оние што не те разбираат, пред целиот свет, тоа е предизвик за секој што се обидува да ја осознае својата мисија во светот, но и секој што упорно си го поставува прашањето кој сум јас?“, констатира рецензентката Ана Мартиноска.

Петар Андоновски (1987, Куманово) е автор на книгите „Ментален простор“ (поезија, 2008), „Очи со боја на чевли“ (роман, 2013, три изданија), „Телото во кое треба да се живее“ (роман, 2015, три изданија), „Страв од варвари“ (роман, 2018, две изданија).

Добитник е на наградата Роман на годината на „Утрински весник“ за романот „Телото во кое треба да се живее“ и на Европската награда за литература за романот „Страв од варвари“. Неговиот нов роман ќе биде промовиран денеска во „Шортбас“ во рамките на програмата на Викенд на гордоста – Скопје 2020, а промоторки ќе бидат Румена Бужаровска и Ирена Цветковиќ.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе