Летен саем на книгата во Рамстор

Во „Рамстор мол" денеска ќе почне летен саем на книга кој трговскиот центар во соработка со Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) го организира до 12 јуни.

Ќе учествуваат неколку издавачки куќи и книжарници (ТРИ, Просветно дело, Литература МК, Култура, Икона, Ѓурѓа, Сакам книги, Полица, Топер, Антолог, Едука Мак) и ќе бидат понудени повеќе од илјада наслови по намалени саемски цени.

Според претседателот на МАИ, Бојан Саздов, оваа година летниот саем на книга ќе биде и  интерактивен со секојдневно дружење на писатетлите и авторите. Целта е, вели тој, да ја доближи книгата до читателите.

„Токму затоа оваа година нашите реномирани издавачи се погрижија да подготват уште поатрактивна саемска понуда, збогатена со многу настани, како средби со автори, потпишувања“, истакна Саздов.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе