Минатата година библиотеката „Тане Георгиевски" го збогати книжниот фонд за 5060 книги или 1322 наслови литература на македонски, англиски, српски и албански јазик. Набавките се извршени во соработка со повеќе од 15 издавачки куќи, а набавени се белетристика, стручна литература, лектирни изданија.
„Најбараните наслови кои во моментот се актуелни се набавени и обработени и веќе им се достапни на читателите. Унапредувањето на културата на живеењето го реализира преку поттикнување на читање кај децата од најмали години, развој на креативноста кај младите, поддршка на разноликоста на културите“, додава Алексовска.
Во текот на 2020 година зачленети се 1651 член во одделението за возрасни и 1632 члена во одделението за деца, со што библиотеката има над 6000 членови.
„И оваа година ќе се одбиеме да ги следиме светските трендови и да им го понудиме најдоброто и најбараното на нашите читатели, а воедно се обидуваме да им всадиме љубов на најмалите кои ќе станат наши идни читатели“, изјави Алексовска.