Книжевна награда

Конкурсот за „Роман на годината“ трае до 15. јануари 2020

До 15. јануари претстојната година е распишан годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината" која ќе биде доделена по 21-ви пат.

Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски" го распиша годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината" која ќе биде доделена по 21-ви пат.

Конкурсот трае до 15 јануари 2020 година, а право на учество имаат сите романи кои првпат се објавени на македонски јазик во 2019 година.

Романите треба да се достават во пет примероци во читалницата „Славко Јаневски" во Скопје (ул. „Димитрие Чуповски" бр. 23/1-1) или на поштенска адреса на Фондацијата (бул. „Кузман Јосифовски Питу" 19/6-40, Скопје).

Наградата се состои од паричен износ од 150.000 денари, статуетка и плакета. Петчлената жири-комисија ќе го соопшти лауреатот најдоцна на 15 март 2020 година.

„Роман на годината" е книжевна награда што до пред три години ја доделуваше редакцијата на  „Утрински весник". 

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе