Конкурс за новосоздадени бајки за проектот „Современи бајки од Македонија“

Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ во соработка со издавачката куќа „Арс Ламина“ денеска го објави конкурсот за новосоздадени бајки за проектот „Современи бајки од Македонија“. Конкурсот ќе трае до 17 август 2020 и може да се пријават сите автори кои сакаат да творат за најмладите.

Според условите на конкурсот, авторите треба да испратат текст со најмногу 6.500 карактери или 1.200 зборови што одговараат на три и пол страници во „Ворд“ (MS Word). Авторите треба да имаат предвид дека победничките бајки ќе се илустрираат, така што текстот треба да биде соодветен за натамошна креативна илустрација. Заинтересираните автори можат да конкурираат со своја автентична бајка или, пак, со креативна адаптација и прераскажување бајки од фолклорната традиција. Пристигнатите бајки на овој конкурс не смеат да бидат претходно објавувани.

Заинтересираните автори треба да ги пратат своите бајки на адресата bravosine@arslamina.com најдоцна до 17 август 2020, а конкурсот е објавен на www.bravosine.mk, www.arslamina.com и www.literatura.mk.  Поединечната награда за откуп на авторските права за една бајка ќе изнесува 25.000 денари. По завршување на конкурсот сите пристигнати текстови ќе бидат оценети, а до крајот на септември 2020 година ќе бидат објавени избраните бајки.

Новиот конкурс е дел од проектот „Современи бајки од Македонија“ што го реализираат Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“.  Претходно беа објавени изданијата „Бајки од Македонија“ и „Басни од Македонија“ и нивниот успех ги поттикна организаторите да го иницираат и овој проект чија цел е да им се создадат можности на авторите кои сакаат да пишуваат литература за деца и млади. 

 

 

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе