Конкурс за наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга за 2020 година

Националната установа „Струшки вечери на поезијата“ го распиша Конкурсот за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за тековната 2020 година, која се доделува за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на СВП, објавена на македонски јазик во периодот од 1 јуни 2019 до 31 мај 2020 година.

Според однапред утврдените критериуми, право на учество на Конкурсот „Браќа Миладиновци“ имаат и двојазични дела, со тоа што оригиналот мора да биде на македонски јазик, односно да не биде превод од друг јазик.

На конкурсот пријави можат да поднесат авторите или нивните издавачи во согласност со нив. Пријавените поетски книги треба да се првообјавени во периодот за кој се доделува наградата и да не бидат претходно објавени на друг јазик.

На конкурсот можат да бидат пријавени само дела од еден автор. Коавторски дела се неприфатливи, а исто така нема да бидат прифатени ниту книги на членови или блиски роднини на членови на Управниот одбор на СВП, директорот на СВП, вработените или на членови на жири-комисијата.

Учеството на конкурсот значи дека евентуалниот лауреат ги отстапил авторските и издавачките права на СВП за употреба во промотивни и некомерцијални цели на целата книга или на нејзини делови во оригинал или во превод на други јазици во печатена или дигитална форма, на интернет, како и за други настани поврзани со наградата и наградениот поет.

Конкурсот за наградата „Браќа Миладиновци“ е отворен заклучно со 20 јуни годинава.

Авторите или издавачите за учество на конкурсот треба да пратат шест примероци од книгата на адресата на НУ Манифестација „Струшки вечери на поезијата“ – Поштенски фах 111, „Браќа Миладиновци“ бр.5, 6330 Струга. 

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе