Конкурс за дизајн на корици за романи од едицијата „Порта Европа“

Издавачката куќа „Арс Ламина – публикации“ ги поканува илустраторите и дизајнерите на возраст до 35 години да достават предлог-дизајни на корици за шест романи од едицијата „Порта Европа“.

Целта на проектот „Порта Европа“ е да се создаде книжевна едиција заснована на еколошка заднина што подразбира превод, објавување, дистрибуција и промоција на шест извонредни европски книжевни дела. Исто така, објавувањето на оваа едиција е во насока на ублажување на економските ефекти од рестрикциите предизвикани од пандемијата на ковид-19 врз издавачкиот сектор, преку соработка со чинители од синџирот на книгоиздателството на домашниот пазар. Во насока на остварување на зацртаните цели, предвидени се повеќе активности, меѓу кои и ангажман на локални визуелни уметници во подем и печатење на книгите на хартија со FSC-сертификат за рационално користење на шумите.

Како дел од мисијата на овој проект, „Арс Ламина – публикации“ ги поканува младите илустратори и дизајнери да се вклучат во изработка на креативни визуелни решенија во областа на издаваштвото.

Заинтересираните можат да аплицираат со едно или со повеќе решенија за корици, за еден или за повеќе романи од шесте понудени.

Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на 28 септември. Вкупниот награден фонд за победничките решенија изнесува 39.000 денари (односно 6.500 денари за едно решение).

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе