По повод 30 години постоење на друштвото на риечките писатели

Книжевното друштво од Риека „Турнеја“ на Огненовски го прогласи за најдобар роман

Романот „Турнеја" на македонскиот писател Сашо Огненовски е добитник на Наградата за најдобар роман по повод триесетгодишнината на Хрватското книжевно друштво од Риека. Наградата на Огненовски му ја додели претседателот на Хрватското книжевно друштво, Валерио Орлиќ на церемонија во салата на Советот на Град Риека.

Во просториите на Македонското културно друштво „Илинден", пак, беше одржан книжевен портрет на Огненовски, каде беа претставени неговите книги, наградениот роман и книжевното списание „Книжевни елементи", чиј последен број беше посветен на хрватската книжевност.

Писателот Огненовски доби награда и за особени заслуги во областа на книжевноста.

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе