Книжевна средба со Паскал Гилевски

По повод излегувањето од печат на романот „Александар и Клеофила“ од Паскал Гилевски, во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ од 12 до 15 часот ќе се одржи книжевна средба со писателот.

„Инспирирана е од најголемото љубовно доживување на Александар Велики и волшебната индиска кралица Клеофила. Гилевски ги испреплетува двете љубовни приказни, мајсторски мешајќи ги времињата, античкото и нашето време“, наведува издавачот за книгата.

Паскал Гилевски (Сетома, 1939) е автор на богат поетски, прозен и критичко-есеистички опус, високо вреднуван од критиката. Меѓу неговите најчитани романи е „Зоја“, кој во изминатите три децении имаше повеќе изданија и преводи на други јазици.

Гилевски е добитник на национални и меѓународни признанија, меѓу кои и на  „11 0ктомври“, „Стале Попов“, „Рациново признание“ и „23 Октомври“. Член е на Унгарската академија на науките и уметностите од 1996 година.

Лустрацијата беше непотребна и смешна фарса, неуспешна пресметка и понижување на политичките неистомисленици. За ветингот да успее, треба да ги опфати сите.

повеќе

Законски да се регулира дека за амбасадорските места ќе има интерен (во МНР) оглас и кандидирање на заинтересираните.

повеќе

Кодификацијата на бугарскиот јазик се случила цели шест месеци и 25 дена покасно од кодификацијата на македонскиот јазик.

повеќе