Книгите градат мостови, одбележан Светскиот ден на книгата

УНЕСКО ја прогласи 2019-та за меѓународна година на автохтоните јазици со цел да се заштити културата, идентитетот и правата на различностите во светот. Земјите членки на оваа организација на ОН ја прославуваат книгата како моќно средство во борбата со неписменоста и незнаењето, сиромаштијата и нетолеранцијата.

Во НУБ „Св. Климент Охридски“, како и во библиотеките низ светот, денеска беше одбележан Светскиот ден на книгата и авторското право со читање на светската порака, годинава напишана од генералниот директор на УНЕСКО Одре Азуле, поранешна министерка за култура на Франција, и националната порака која за 2019-та ја напиша нашиот познат режисер и писател Милчо Манчевски.

Билјана Прентоска, генерален секретар на Националната комисија на УНЕСКО, рече дека на овој ден се изразува почит кон авторите од нашата и од сите земји во светот кои со своите дела изградиле мостови кон минатото и иднината, мостови кон различните светови и култури, без разлика на припадностите.

„Современите предизвици со кои се соочуваат авторите, книжевниот и издавачкиот сектор, библиотеките, како што е дигитализацијата, наметнуваат потреба од нови иницијативи, стратегии и механизми на национално и меѓународно ниво, во насока на спроведување на конвенциите и меѓународните документи за заштита на авторскиот труд и обезбедување поголема достапност на книгите до читателите и градење читателска публика. Овие предизвици остануваат наша должност и обврска“, рече Прентоска.

Светскиот ден на книгата НУБ неколку години го одбележува во соработка со Амбасадата на Шпанија, затоа што токму од Каталонија е обичајот на овој ден да се подаруваат книга и роза.

Шпанскиот амбасадор Емилио Лоренсо Сера истакна дека книгата ни помага да се пронајдеме себеси, а нејзиното значење е уште поголемо денес, рече тој, „во турбулентни времиња на лажни вести и пропаганда“.

Во НУБ беше отворена и изложба на фотографии „Шпански градови со светско културно наследство“, Универзитетот „Конфуциј“ организираше презентација на кинеската фолклорна уметност, а во музичката програма настапи хорот „Св. Злата Мегленска“.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе