Книгата „Телото во кое треба да се живее“ од Петар Андоновски ќе се промовира во Софија

На сцената на културната програма на манифестацијата Алеја на книгата во Софија, Македонскиот културен центар во Софија попладнево ќе го промовира романот „Телото во кое треба да се живее“ од македонскиот писател Петар Андоновски, во превод на бугарски јазик.

Романот „Телото во кое треба да се живее“, кој е добитник на наградата „Роман на годината“ во земјава, е второ дело од македонскиот писател преведено на бугарски јазик. Претходно во издание на „Персеј“ на бугарски јазик беше преведено неговото дело „Очи со боја на чевли“, а наскоро на бугарски јазик ќе излезе и неговата трета книга „Страв од варвари“ за која Андоновски ја доби Наградата за литература на Европската унија за 2020 година.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе