Книгата „Невидливиот чувар“ објавена на македонски

Издавачката куќа Антолог од Скопје во рамките на проектот „Биди свој, биди ЕУ!", ја објави книгата „Невидливиот чувар" од баскиската авторка Долорес Редондо (Шпанија).

Долорес Редондо е баскиска писателка што пишува на шпански јазик. Студирала право, но подоцна се запишала и дипломирала на гастрономија, по што работела во неколку ресторани, за на крајот да отвори и свој локал. Во светот на литературата влегла пишувајќи кратки раскази и приказни за деца.

Во 2013 година ја објавила книгата „Невидливиот чувар“, напнат и возбудлив психолошки трилер, со кој стартувала Бастанската трилогија, која е преведена на повеќе од 15 јазици и продадена во повеќе од 700 000 примероци.

Во изданието на „Невидливиот чувар“ на македонски јазик преводот од шпански е на Виолета Јагев, а графичкото уредување е на Марко Трпески. Книгата е објавена со поддршка на програмата Креативна Европа на Европската Унија и на Министерството за култура на Република Македонија.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе