Книга за арс-поетичките компоненти во творештвото на Блаже Конески

„Арс-поетичките компоненти во творештвото на Блаже Конески“ е насловот на книгата студии од литературниот критичар, есеист и книжевен научник д-р Веле Смилевски. Книгата се појави во рамките на едицијата „Книжевни истражувања“ на издавачката куќа „Дијалог“ од Скопје, со рецензија на д-р Вера Стојчевска Антиќ.

Во првиот дел од книгата акцент се става на значењето на делото на Блаже Конески во развојните процеси на современата македонска литература.

„Со својот богат опус, како поет, раскажувач, есеист, книжевен историчар, лингвист и преведувач, Конески остави длабоки траги во повоениот развој на македонската литература, како и во областа на науката за книжевноста и лингвистиката. Без сомнение, тој е најблескавата творечка вертикала на македонската литература и култура во втората половина на 20 век“, вели Смилевски.

Наредните поглавја од книгата се однесуваат на поетското и есеистичкото творештво на Блаже Конески при што предмет на истражување и толкување се изворната и посредната улога на арс-поетичките компоненти, феноменот на авторскиот коментар во песните, творештвото како естетички остварена идеја, правото на добрите мајстори и принципите на одбрана на поезијата.

Книгата „Арс-поетичките компоненти во творештвото на Блаже Конески“ од Веле Смилевски се појави во рамките на програмата на Министерството за култура со која 2021 е прогласена за Година на Блаже Конески, по повод 100-годишнината од неговото раѓање.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе