Книга и изложба за рускиот цар Николај Втори и неговото семејство

Книгата „Романови: Љубовта е посилна од смртта" денеска беше промовирана во Музејот на македонската борба. Отворена беше и фотодокументарната изложба посветена на 100-годишнината од мачеништвото на последниот руски цар Николај Втори и неговото семејство. Во неа се собрани документарни материјали, фотографии и потресни лични сведоштва.

Рускиот амбасадор Сергеј Баздникин потсети на страшното злосторство што му се случило пред повеќе од 100 години на царот Николај Втори и неговото семејство и порача вакви трагедии никогаш да не се повторат.

„Лекциите се научени. Русија се стреми кон постигнување амбициозни цели за мирен и динамичен развој на државата и на народот. Нашата земја е отворена за унапредување на рамноправна и заемна полезна соработка со сите кои се подготвени за тоа, вклучувајќи ја и Република Северна Македонија“, рече Баздникин.

Според него, во книгата се раскажува за животот и подвигот на членовите на царското семејство, не само во историски диксурс, туку и од аспект на човечки чувства. Делото има околу 1.000 страници, а го издаде „Св. Ѓорѓи Полошки“ при Повардарската епархија.

Митрополитот Повардарски Агатангел укажа на љубовта на овој цар и семејството, неговото милосрдие, човечност…

„Од книгата што е пред нас, секој од нас како поединец може да извлече поука. Не можеме да се надеваме дека ќе имаме праведен живот ако немаме правилно воспитување кое е темел на подоцнежниот развој на човечката личност. Царот Николај го следел примерот на своите предци, пред се на својот татко царот Александар Трети, кој самиот бил скромен, побожен и умерен човек, па во тој дух ги воспитувал и своите деца“, рече г. г. Агатангел.

Присутните слушнаа за убиството на рускиот цар Николај Втори, царицата Александра, нивните деца, кнегињите Олга, Татијана, Марија и Анастасија и престолонаследникот Алексеј. Со нив биле убиени и четворица слуги, ноќта спроти 17 јули 1918 година.

МИА

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе

Додека Бугарите се убедуваат себеси и нас дека Гоце Делчев бил Бугарин, да се потсетиме на некои од Гоцевите искажувања, кои ја одразуваат неговата големина и неговото визионерство.

повеќе