Во издание на ТРИ

„Карантински приказни“ за поддршка на македонското здравство

Пишувачкиот предизвик „Карантински приказни“, кој Издавачки центар ТРИ го распиша кон крајот на март, деновиве го добива својот конечен облик.

Оваа недела „Карантинските приказни“ пристигаат до читателите во две различни изданија, печатено и онлајн. Изданието во печатена форма ќе биде гласник на хуманоста и во кое се собрани расказите на докажаните авторски имиња: Јагода Михајловска-Георгиева, Винка Саздова, Петар Андоновски, Ѕвездан Георгиевски, Лидија Димковска, Трајче Кацаров, Наташа Сарџоска, Виолета Танчева-Златева и други и ќе може да се најде на сите продажни места на ТРИ по симболична цена, а целиот износ од продажбата ќе биде дониран за здравствена опрема на Клиничкиот центар во Скопје. На овој начин  ТРИ и авторите ќе дадат придонес во борбата со пандемијата и за подобрување на условите во македонското здравство. Одлуката за овој потег произлегува од желбата да се биде солидарен со колективната состојба, преку ваквиот пионерски чекор во издаваштвото.

Второто издание од Карантинските приказни е во електронска форма и е достапно бесплатно на апликацијата kniga.mk на Издавачки центар ТРИ. Во ова издание се собрани над 100 авторски текстови од учесниците во предизвикот кои за првпат се претставуваат пред читателската публика.

„Овој предизвик поттикна голем број љубители на пишаниот збор, но и докажани автори, да учествуваат во создавањето на една антологија од раскази настанати и инспирирани од карантинот. За успехот на предизвикот говори бројката од над 200 пристигнати „карантински“ текстови на адресата на ТРИ“, соопштија од издавачката куќа.

 

 

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе