„Карантински приказни“ – акција на ТРИ за пишување раскази во време на изолација

Издавачкиот центар ТРИ ја почна акцијата „Пишувачки предизвик: Карантински приказни – Антологија на изолацијата“.

„Нејзина цел е да се поттикнат и соберат најоригиналните и најинтересните раскази настанати во ова тешко време што сме принудени да го поминеме во изолација и дружење најмногу со себе и сопствените мисли. Со цел да се создаде траен запис за еден од најдраматичните периоди од нашиот живот, „Карантински приказни – Антологија на изолацијата“ има задача да биде хроничар на новото време што го сведочиме и сведоштво за реалноста со која сите сме соочени, соопшти ТРИ.

Издавачката куќа ги охрабрува сите пишувачи – искусни и помалку искусни, да учествуваат во овој интересен предизвик и да праќаат раскази на темата. Нема ограничување во однос на стилот и обемот.

„Сите творби ќе бидат внимателно прочитани од редакцијата на ТРИ и ќе бидат објавени во една книга, а за авторите на најдобрите раскази постои можност за подолгорочна соработка со ТРИ. Книгата нема да биде продажна и ќе биде достапна во електронска верзија за сите читатели. Рокот за праќање на творбите е до крајот на април, на [email protected]“, соопшти ТРИ. 

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе