Јордан Плевнеш добитник на Гран при за животно дело од Француската академија

На предлог на претседателот на Универзитетот Сорбона 2, Пантеон Асас, најстарата француска институција – Француската акедмија, на македонскиот писател Јордан Плевнеш му ја додели Гран-при наградата, што го носи името на Анри Делуен, за афирмација на неговиот творечки опус во Франција и интернационалниот франкофонски простор, јавува МИА од Париз.

Француската академија ќе му ја додели наградата на Плевнеш на 2 декември 2021, под „Куполата на бесмртните“, како што се нарекува Француската академија, а лауреататот се очекува да биде придружуван од претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев и потпретседателот на МАНУ Живко Попов.

Инаку, Плевнеш живее и твори во Париз повеќе од три децеии, автор е на десетина драмски дела пишувани на француски јазик и играни во Европа и во светот. Неговата драма „Среќата е нова идеја во Европа“ за која пишувале водечките светски медиуми Њујорк тајмс и Гардијан, во рамките на Балканската трилогија, заедно со делата на Данило Киш и Мирко Ковач, е играна во 120 театри во Франција.

Плевнеш е автор и на два романи на француски јазик, од кои првиот „Осмото светско чудо" е објавен од Table ronde – Gallimard, а вториот роман, „Романот за Тајната книга", кој заедно со македонско-францускиот игран филм е претставен на голем број водечки фестивали во светот.

Плевнеш, исто така постојано објавува авторски текстови во Ле Монд, Ле Фигаро, Ла Краа, Либерасион, и во врвни научни списанија. Неговите текстови и драми се објавувани и поставувани во поголем број членки на Интернационалната организација на франкофонија.

Во француската ревија Documentation Francais, Плевнеш е автор на обеменото научно истражување за покренувањето на дваесетина ревии на француски јазик во европските метрополи, од страна на македонската интелигенција, која сонуваше за македонска самостојна држава во заедничкиот европски дом.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе