„Јаничари“ - нов роман на Луан Старова

Во издание на издавачкиот Центар ,,Три'', објавен е романот „Јаничари", дваесетата книга од големиот книжевен проект на писателот Луан Старова наречен „Балканска сага". Пишувајќи за Балканот, посебно преку романот „Јаничари", авторот се придружува кон веќе класичните автори кои што парцијално или целосно ја третирале проблематиката на јаничарството како Иво Андриќ , Никос Казанѕакис, Антон Донче, Меша Селимовиќ и други.

Авторот, во овој најнов роман, третира една трајно актуелна проблематика, каква што е историското и универзалното јаничарство, потпирајќи се врз силна ерудиција и романескната драматургија што ја носат два централни ликови во романот низ постојан дијалог. Тие се понесени од идејата, вистински, толкувајќи го јаничарството во сите појавни облици во минато и сегашноста, да придонесат за спасување на своите потомци, кои остануваат чувари на идентитетот на својот народ, чувари на човештвото.

Пишувајќи за Балканот, посебно преку романот „Јаничари", авторот се придружува кон веќе класичните автори кои што парцијално или целосно ја третирале проблематиката на јаничарството како Иво Андриќ , Никос Казанѕакис, Антон Донче, Меша Селимовиќ и други.

Старова и досега во своите романи од балканската сага третирал различни аспекти на јаничарството, но овој пат во својот роман „Јаничари" целосно го третира феноменот на јаничарството, во неговите праоблици , но и во неговите современи деривации.

Идентитетот и неговите пошироки импликации е централното прашање во оваа книга, во која се посочува дека појавата на јаничарството може да се следи од длабоко во вековите – Римската Империја, Византија и потоа Османската Империја, како облик на жртвување на луѓето за одржување на власта. Во книгата се нижат сведоштва за фазата на ,,постјаничарството'', по неговата употреба во исчезнатите империи, во совремното човештво.

Приказната на авторот на ова дело оди во две насоки: како воено и интелектуално јаничарство. Авторовата идеја, оди широко и далеку, колку што стигнува да опстои јаничарството и психологијата на јаничарење.

Психолошки сложената тема – јаничарството како удвоен идентитет, токму таков модел на идентитет кој психолошки и фактички, баш зашто е таков, произведува последици не само врз личноста на јаничарот, туку и последиците во средината, истакнува писателот во мошне упатниот поговор кон оваа книга.

Авторот по долгогодишно проучување на јаничарскиот феномен, во широк временски распон, низ дијалектичките и метафизичките аспекти, според Димитар Башевски испишува „една обемна импресивна книга, сугерирајќи дека јаничарството може да се смета за клуч за разбирање на балканските судбини".

В.М.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе