Во Москва

Излезе од печат Антологија на македонската литература на руски јазик

Во Москва деновиве излезе од печат Антологија на македонската литература на руски јазик, која содржи избор од дваесет македонски писатели – поети, раскажувачи и драматурзи. Нивните творби се преведени од Олга Панкина, позната популаризаторка на македонските културни вредности во Русија,

„Во Москва деновиве излезе од печат Антологија на македонската литература на руски јазик, која содржи избор од дваесет  македонски писатели – поети, раскажувачи и драматурзи. Нивните творби се преведени од Олга Панкина“, позната популаризаторка на македонските културни вредности во Русија,

Антологијата е насловена „Раѓање на зборот. Македонски преводи на Олга Панкина” и ја објави московскиот издавач Центар за книга „Рудомино“ во едицијата „Мајстори на литературниот превод”.

„Олга Панкина во книгата го внесува својот личен поглед во македонскиот јазик и литература, својата знајба и умешност јазикотворечки и уметнички да го преточи македонскиот литературен збор на руски врз личен избор од дела што се вградиле во нејзината преведувачка биографија, водејќи притоа сметка за книжевниот вкус на современите руски читатели“, пишува проф. Димитар Пандев во предговорот на изданието.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе