КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

Избраните дела од Иван Чаповски ќе бидат промовирани во ДПМ

Во Друштвото на писателите на Македонија, на 29 март (вторник), во 12 часот, ќе биде промовиран четиритомен избор од творештвото на Иван Чаповски. За литературното дело на Чаповски ќе зборува Гордана Михаилова Бошнакоска, а поетски и прозни фрагменти ќе чита Александра Велинова.

Изборот од творештвото на Чаповски неодамна се појави во издание на „Матица македонска“, со предговор на Раде Силјан. Првиот том е посветен на поезијата, а наредните три тома ги донесуваат романите „Змија“, „Магла“ и „Крв на еукалиптусот“.

Иван Чаповески е еден од доајените на ДПМ. Автор е на богат и разновиден поетски, раскажувачки и романескнен опус. Добитник е на високи литературни награди, меѓу кои „Рациново признание“, „Стале Попов“ и „Книжевно жезло“. Со промоцијата на избраните дела на Чаповски, ДПМ одбележува 80 години од раѓањето на писателот.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе