Избрани нови членови на ДПМ, промоција на „Стожер“

Претседателството на Друштвото на писателите на Македонија вчера со тајно гласање избра нови членови на ДПМ - Габриела Стојаноска – Станоеска, Сашо Огненовски, Славица Урумова – Марковска, Игор Ангелков, Ирена Јурчева, Сузана Мицева, Милена Ристова –  Михајловска, Ахмет Селмани и Владо Јаневски, соопшти ДПМ.

Денеска ќе биде промовирана ревијата „Стожер“ за 2022 година. На промоцијата ќе се обратат Христо Петрески, претседател на ДПМ и Славчо Ковилоски, главен и одговорен уредник на ревијата.

Во трите броја подготвени од новата редакција, која освен Ковилоски ја сочинуваат: Лилјана Пандева, Даниела Андоновска-Трајковска, Лејла Емин Шериф и Стефан Марковски, се објавени стотина прилози од вкупно 70 автори.

Освен новини во редакцијата, ревијата има и нов графичко-технички дизајн, како и нови рубрики (Хроника на ДПМ, Литературни вести од светот и од Македонија итн.)

На страниците на „Стожер“ оваа година се одбележани низа јубилеи (Владимир Костов, Горан Стефановски, Васил Иљоски итн.), повеќе студии и осврти, есеистички записи, прозни и поетски остварувања, епистоларни обраќања и сл.

Од ДПМ истакнуваат дека прилозите на „Стожер“ се индексираат и се евидентирани во заедничката интернетска библиографска платформа COBISS, на која се  поврзани преку 1.390 библиотеки од Балканот. Ова овозможува вмрежување и прегледност на сите објавени прилози на нашите страници со едноставно впишување на името на авторот или насловот на делото. Со тоа, имињата и делата на македонските писатели стануваат дел од глобалната мрежа на информации и лесно достапни за пребарување.

Ревијата „Стожер“ останува отворена за соработка и промовирање на квалитетни прилози поврзани со македонската и светската книжевна сцена, водејќи сметка за стилските и естетските вредности на објавените материјали, посчуваат од на Друштвото на писателите на Македонија.

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе

Провокација е именувањето на бугарските клубови „Борис III“ и „Ванчо Михајлов“. Не можеа ли да бидат со имињата Елин Пелин, Димчо Дебељанов, Черноризец Храбар или Иван Вазов?

повеќе