Во издание на Матица македонска

Избрани дела во пет тома на Блаже Миневски

Во рамките на јубилејот - 30 години од основањето, „Матица македонска" објавува избрани дела во пет тома од писателот Блаже Миневски. Изданието го уредува Раде Силјан а графичко-ликовниот дизајн е на Кристи Георгиевски.

Во првиот том, со наслов „Да речеме уште една“, се објавени расказите, а во останатите четири тома романите „Нишан“, „Свирци“, „Мрежата на Мамли“, „Мемоарите на една млечка“, „Требаше да се сликаме пред да се замразиме“ и „Фантомско стапало“. Книгите се проследени со толкувања од Митко Маџунков, Венко Андоновски, Марија Проскурнина, Оливера Ќорвезироска, Ефтим Клетников, Стефан Влахов-Мицов, Марија Ѓорѓиева Димова, Душан Стојковиќ, Јордан Плевнеш и други.

Блаже Миневски (1961) е автор на девет романи, седум драми и три книги раскази.

Романите на Миневски се преведени на англиски, ерменски, бугарски, словенечки, арапски, кинески, српски, полски и италијански јазик, а со свои раскази е застапен во речиси сите антологии на кратка проза објавени последните триесетина година во Македонија и надвор од неа. Дел од нив се преведени на повеќе од дваесет јазици во светот.

Дoбитник е на повеќе награди, меѓу кои  и  на „Роман на годината“, „Стале Попов“ и „Рациново признание“.

 

 

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе